Arc’teryx претстави необичен модел зимски обувки наменет за деновите по скијање, зимски прошетки и престој во снежни планински средини. Postour Boot е висока, изолирана чизна со GORE-TEX заштита, но нејзината најинтересна особина е скриена во внатрешноста: од неа може да се извади посебна влечка.
Идејата е корисникот да има заштита додека се движи низ снег и влажни услови, а потоа да ја извади внатрешната обувка кога ќе влезе во планинарски дом, скијачка куќа или камп. Внатрешниот дел е изолиран и има сопствен TPU ѓон со подобро прилепување, па може да се носи самостојно во затворен простор.
Надворешниот дел на Postour Boot користи GORE-TEX Invisible Fit конструкција за водоотпорност. Високата и флексибилна крагна се затвора со механизам сличен на оној кај торбичките за магнезиум при качување, со цел да го спречи навлегувањето снег во чизмата.
За движење на мраз и снег, Arc’teryx вградува Vibram Arctic Grip ѓон со изразен профил. Дизајнот е наменет да обезбеди стабилност и на помеки, снежни подлоги, додека гуменото засилување околу долниот дел треба да ја заштити обувката од абење и удари. Изолацијата, пак, е предвидена за одржување на топлината при ниски температури.
Postour Boot визуелно отстапува од вообичаените après-ski модели. Високиот текстилен горен дел и масивната гумена основа му даваат нагласено технички изглед. Тежината изнесува 786 грама по чизна, што го става моделот надвор од категоријата лесни зимски обувки, но неговата намена е повеќе насочена кон топлина, удобност и опоравување на стапалата по подолг ден надвор.
Моделот веќе е достапен преку Arc’teryx во машка и женска изведба. Цената во Обединетото Кралство е 280 фунти.
