Sony ја проширува аудио-понудата за PlayStation со две нови безжични гејминг слушалки: PlayStation Pulse и PlayStation Pulse Edge. Двата модели се очекуваат во празничната сезона, а компанијата сè уште не објавила цени ниту точен датум на продажба.

Главната новина кај двете слушалки се planar magnetic драјверите, технологија што Sony претходно ја примени кај Pulse Elite. Наместо вообичаени драјвери, тие користат тенки рамни мембрани поставени меѓу магнети, со цел почист звук, помало изобличување и подобро изразен бас. Sony вели дека ова треба да помогне и за попрецизно препознавање на насоката на звуците во игрите, како чекори или други аудио-сигнали во стрелачки наслови.

Pulse и Pulse Edge работат со PlayStation Link, безжична врска наменета за аудио со мала доцнење. Преку испорачаниот USB-C адаптер, слушалките ќе можат да се користат со PS5, PS5 Pro, PlayStation Portal, PC и Mac. Покрај тоа, достапна е и Bluetooth поврзаност за други уреди.

Основниот Pulse модел има четири магнети во секој драјвер, вграден микрофон со намалување на околниот шум и контрола за јачина на звук. Новиот дизајн носи позаоблени и поголеми слушалки за уши, како и ротирачки чашки што овозможуваат слушалките да се положат рамно.

Pulse Edge е повисоката класа во новата серија. Во секој драјвер има осум магнети, што според Sony треба да обезбеди подлабок бас. Овој модел добива отстранлив boom микрофон за појасна гласовна комуникација, активно поништување шум и посебни контроли за балансот меѓу звукот од играта и разговорот. Во пакувањето ќе има и заштитна футрола за носење.

Двата модели ќе бидат достапни во бела и црна боја. Со новата линија, Sony практично ја освежува својата PlayStation аудио-понуда и повторно ги носи planar magnetic драјверите во слушалки наменети директно за конзолниот екосистем.